Манчестер сити загуби од Селтик со 3-4 на пријателскиот натпревар кој се одигра синоќа во Капел Хил, Северна Каролина.
Американците уживаа во голеада, но видоа само дел од ѕвездите на „граѓаните“, со оглед на тоа што поради настапот на Европското првенство и Копа Америка, голем дел од играчите на Сити беа ослободени од обврските.
Па, Селтик го искористи сето тоа и веќе на полувремето водеше со 3-1. „Граѓаните“ постигнаа два гола преку Пероне и Халанд во второто полувреме и успеаја да дојдат до 3-3. Но, во 68. минута Палма ја донесе победата од 4-3 за шкотскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

