Селтик го преслуша Ренџерс и изби на врвот во шкотскиот шампионат (ВИДЕО)

Селтик славеше со 3-0 против Ренџерс во големото дерби на Шкотска како дел од 22. коло во Премиерлигата. Иако доста фудбалери недостасуваа во домашниот тим сепак успеаја на убедлив начин да слават против големиот фаворит.

Сите дилеми беа решени уште во првото полувреме во кое Селтик ги постигна сите три гола. Хатате уште во 5. минута донесе водство од 1-0. Истиот фудбалер во 42. минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Абада во 44. минута.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...