Селтик го врати тренерот што знае да победува

Раководството на Селтик експресно најде нов тренер по отказот на Вилфред Нснси, враќајќи го на клупата легендарниот стратег Мартин О’Нил.

Она што е интересно, О“Нил воедно беше и претходник на Ненси, откако пристигна во октомври како привремена замена за Брендан Роџерс. Искусниот 73-годишен стратег го водеше шкотскиот првак на осум средби,, победи на седум од нив, оставајќи тим со позитивна атмосфера на Ненси.

Сепак, откако овој стратег се покажа како супер-промашување губејќи шест од осумте средби како предводник на шкотскиот гигант, челниците на Селтик решија да го вратат О’Нил, како тренер што знае како се победува и како се освојуваат трофеи со овој клуб.

„Среќен сум, воедно и чувствувам голема чест што ме побараа за повторно да го водат тимот, едвај чекам повторно да работам со овие играчи. Потребна ни е поддршка, а ние ќе сториме се за да се вратиме на победничките патеки“, изјави О’Нил по потписот на договорот што е со важност до крајот на оваа сезона.

Се вчитува...