Селтик стигна до 22 титула во Купот на Шкотска откако во големото финале одиграно на „Хемпден Парк“ славеше по изведување на пенали во натпревар во кој беа постигнати шест гола во регуларниот дел од средбата.
Во првото полувреме беше постигнат само еден гол. Во 41. минута стрелаше Бајрами за 0-1, но на почетокот на второто полувреме веднаш Селтик стигна до целосен пресврт. Тејлор и Маеда стрелаа во 56. и 60. минута, но во 75. минута следеше ново изедначување преку Диомонде.
Во 87. минута Кун го доведе Селтик во нова предност, но само минута подоцна Данило изедначи за конечни 3-3.
Голови немаше во судиското продолжение, а пенал рулетот го одлучи промашениот пенал на Јилмаз во четвртата рунда.
Congratulations to Celtic! 🍀#PremierSportsCup winners for their 119th major trophy! 🏆 pic.twitter.com/ydUfCpe56G
— Premier Sports (@PremSportsTV) December 15, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

