Семедо останува во притвор, обвинет е за обид за убиство

Португалскиот интернационалец Рубен Семедо се соочува со сериозен проблем откако шпанскиот суд покрена сериозни обвиненија против него, одредувајќи му и притвор до почетокот на судењето.

Дефанзивецот на Вилјареал цели пет часа давал исказ во судот во Валенсија откако беше обвинет за киднапирање и малтретирање на едно лице по конфликт во ноќен клуб, а против него оди и фактот дека полицијата во претресот на домот на Семедо пронашла и пиштол со негови отпечатоци.

По презентирањето на доказите била донесена одлука тој да остане во притвор, а на обвиненијата беа додадени и обид за убиство, нанесување повреди, илегално поседување на оружје…

По ваквиот развој на настаните, се поголема е веројатноста дека Семедо ќе мора да мине извесно време зад решетки и нема да биде никакво изненадување ако во следните денови следи и раскин на неговиот договор со Вилјареал.

 

Се вчитува...