Семедо повторно има проблем со полицијата, ја тепал сопругата

Поранешниот португалски репрезентативец Рубен Семедо одново има проблеми со полицијата. Контроверзниот фудбалер овој пат физички ја претепал својата сопруга и некое време ја оставил во заклучена во куќата.

Поради тоа новогодишните празници ќе ги помине во затвор, а му се заканува и отказ во катарскиот Ал Кхора каде настапува во моментот бидејќи ќе му биде одземен пасошот.

Семедо во 2018 година беше уапсен во својот дом во Валенсија поради обид за убиство, нелегално поседување на оружје и насилен грабеж. Тогаш помина 142 денови во затвор. Во 2021 и 2022 година беше уапсен под обвинение за силување и семејно насилство.

Се вчитува...