Фудбалерот на Интер, Раџа Наинголан се соочува со семејна драма од која, како што вели, верува дека ќе излезе уште посилен. Неговата сопруга Клаудија од неодамна се бори за живот по дијагностицираниот карцином за кој ќе биде неопходно долготрајно лекување.
„Се будам веќе еден месец верувајќи дека тоа е само ноќна мора, но за жал не е. Денеска почна ново поглавје во мојот живот – хемотерапија. Кој би рекол дека Клаудија ќе стравува да почне нов ден. Му благодарам на семејството и пријателите кои ми даваат сила да продолжам со борбата“ – напиша Клаудија на својот Инстаграм профил.
Раџа и Клаудија се во брак од 2011 година. Имаат две ќерки, Ајша (7 години) и Мејли (3 години). По информацијата за болеста на неговата сопруга сега веќе е сосема јасно зошто Белгиецот ги одби сите спектакуларно високи понуди од неколку кинески клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА