Семејна драма за Џон Оби Микел

Џон Оби Микел влегол во последниот дуел на Нигерија против Аргентина на Светското фудбалско првенство во Русија со сознанието дека татко му е киднапиран. Тој морал да плати нешто помалку од 24.000 евра за киднаперите да го ослободат.

„Морав да ја потиснам траумата. Четири часа пред дуелот ми се јавија да ми кажат што се случило. Бев збунет, морав да донесам одлука дали сум доволно ментално стабилен за да играм. Но, не смеев да разочарам 180 милиони Нигеријци. Не ги ни информирав тренерите. Само тесен круг луѓе знаеја што се случува“ – раскажува Оби Микел.

Вчера попладне, таткото на Оби Микел е ослободен и се наоѓа во болница каде што добива медицинска помош потврдија полициски извори.

Ова е второ киднапирање на таткото на поранешната ѕвезда на Челзи. Првиот пат беше во 2011 година.

 

 

Се вчитува...