Семејствата на фудбалерите на Иран со закани од државата за затвор ако направат некаква „глупост“ пред мечот со САД

Семејствата на иранските репрезентативци добија предупредување дека им се заканува затвор ако играчите направат некаква „глупост“ пред натпреварот со САД на Мундијалот во Катар кој се игра вечерва од 20 часот.

Иранските власти се подготвени на се, па и со затворање и мачење на членови на семејствата на фудбалерите, ако тие евентуално се одлучат повторно да ја бојкотираат химната на Иран како пред првиот натпревар или искажат на поинаков начин пред светот револт за случувањата во нивната земја, и поддршка за протестантите кои се борат за правата на жените во Иран.

Иранците како што е познато протестираа пред дуелот со Англија со бојкот на химната, за да на вториот меч со Иран добија закани од државата дека не смее тоа да се повтори и тогаш присилно ја пееја химната, но тивко и очигледно несигурно со желба да покажат дека се присилени на тоа.

Навивачите на Иран, пак, цело време ја свират химната на, како што велат, режимската влада во нивната земја.

Вечерва Иран од 20 часот го очекува одлучувачки натпревар против САД околу тоа кој ќе биде вториот патник во осминафиналето од Групата Б.

Се вчитува...