Семејствата на настраданите од Чапекоенсе бараат отштета

Семејствата на жртвите во авионската несреќа од 2016 година, членови на стручниот штаб  и на упрвата на бразилскиот Чапекоенсе, допатуваа во Боливија и бараат отштета за несреќата.

Во трагичниот настан пред три години имаше 71 жртва меѓу кои и фудбалери на Чапекоенсе.

Властите во Колумбија по истрагата, соопштија дека несреќата била предизвикана од недостиг на гориво и од немарност. Чартер летот од Бразил до колумбискиот град Мадељин го организираше авиокомпанијата ЛаМиа, региструрана во Боливија.

Семејстватата на загинатите допатуваа во Санта Крус, град на истокот на Боливија. Адвокатот што ги застапува оштетените, изјави дека семејствата досега не добиле ни цент. Семејствата кои во несреќата го загубија своите најблиску, сакаат да се состанат со поранешните челници на компанијата, со боливиските власти задолжени за цивилен воздушен сообраќај и со претставниците на осигурителната компанија.

Несреќата се случи на 28 ноември 2016 година. Фудбалерите на Чапакоенсе патуваа во Мадељин на првиот натпревар од финалето од Кут на Јужна Америка против Атлетико Национал.

Се вчитува...