Семејството го помина Божиќ со Пеле во болница

Децата на легендарниот Пеле дојдоа во болницата во која е нивниот татко за да го поминат Божиќ заедно, објавија на социјалните мрежи. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој боледува од рак на дебелото црево од септември 2021 година, на крајот на ноември беше префрлен во болница во Сао Паоло.

Неговите лекари во средата објавија дека болеста напредува и дека Пеле има проблеми со бубрезите и срцето. Неговиот син Едињо објави фотографија на Инстаграм на која го држи татко му за рака со порака.

„Тато, мојата сила е со тебе“.

Едињо, техничкиот директор на фудбалскиот клуб Лондрина, во јужната бразилска држава Парана, им се придружи на своите сестри Флавија и Кели, кои во последните денови често беа со нивниот татко во болница.

 

Се вчитува...