Семејството го премести Шумахер на Мајорка

Легендарниот Ф1 возач, Михаел Шумахер, има ново место за живеење. Магазинот „Bunte“ открива дека Шумахер јубилејниот 50. роденден го прославил во комплексот „Порт д’ Антрач“ на островот мајорка. Тој пред Божиќ со хеликоптер бил транспортиран во луксузна вила на западното крајбрежје на островот. Семејството таму ги минало божиќните и новогодишните празници.

Според медиумот, Шумахер бил забележан на балконот од вилата. Семејството ја купило луксузната вила за 30 милиони евра, откако лекарите препорачале дека сонцето на Мајорка може да помогне многу во опоравувањето на Михаел.

 

Се вчитува...