Семејството Мбапе му го загорчува животот на ПСЖ

Екипата на ПСЖ е европски шампион и лидер во француското првенство, но семејството Мбапе се уште му го загорчува животот на овој клуб.

Килијан преку судски пат бара 60 милиони евра што „светците“ му ги должат, додека неговиот помлад брат Етан Мбапе вечерва постигна прекрасен погодок за Лил, носејќи му бод на својот тим на мечот со ПСЖ.

„Светците“ беа на чекор до триумф откако Нуњо Мендеш постигна еврогол од слободен удар, но Лил се врати во самиот финиш, кога Мбапе одлично се снајде и го совлада Шевалие. Интересно, на трибините се наоѓаше и Килијан Мбапе, кој не го криеше задоволството по прекрасниот погодок на својот помлад брат.

 

Се вчитува...