Семења: ИААФ ме искористи како „експериментално глувче“

Кастер Семења тврди дека Светската атлетска асоцијација ја искористила како „заморче“ бидејќи ја натерала да зема лекови за да го намали нивото на тестостерон во телото. Ова тврдење е дел од сведочењето на двојната олимписката шампионка пред Спортскиот арбитражен суд. Комплетниот транскрипт од сослушувањето беше пуштен во јавност. Семења вели дека лековите правеле постојано да се чувствува „болно“, а последниците по нејзниото здравје се непознати.

„ИААФ ме искористи како „експериментално глувче“ за да си го тестира лекот за контрола на тестостерон. Иако последниците по здравјето не се познати, Асоцијацијата инсистираше да го земам медикаментот. Се грижам и за здравјето на другите атлетичарки кои би биле понудени да го земаат овој лек“ – рекла во сведочењето Семења.

Иако Јужноафриканката го загуби случајот пред ЦАС, одлуката за принудно намалување на нивото на тестостерон за атлетичарките на трките од 400 метри до една милја, е суспендирана. Ваква одлука донесе Врховниот суд во Швајцарија каде што дополнително се жалеше Семења. Поради оваа одлука Семења има право на настапи.

 

Се вчитува...