Изминатиот викенд во Ново Место, Словенија се одржа Балканското атлетско првенство во сала за ветерани, на кое единствен македонски претставник беше Влатко Семенаков од АК 7-ми Ноември.
Семенаков ја освои балканската шампионска титула во дисциплината 800м метри, со фантастично време од 02.17.08 минути, откако ден претходно освои бронзен медал на 1.500м метри, со уште едно одлично време од 04.40.90 минути.
Двата медали Семенаков ги освои со истрчани свои најдобри лични рекорди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

