Двократната олимписка шампионка, Кастер Семенија два дена откако го загуби спорот против Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) околу новото правило за рагулирање на нивото на „тестостерон“ победи на трката на 800 метри, на митингот во Доха кој е дел од Дијамантската лига.
Атлетичарката од Јужна Африка до победата на делницата од 800 метри, стигна со време од 1:54.98, што е најдобро постигнување сезонава, но и осми најдобар резултат на сите времиња.
„Продолжувам да тренирам. Продолжувам да трчам. Каква потешкотија и да ми дојде во животот, јас повторно ќе го најдам патот да го остварам мојот сон“, по трката изјави Семенија.
За Семенија тоа беше 30. победа по ред на делницата од 800 метри, но и покрај сите обвинувања таа се уште не може да го сруши светскиот рекорд стар 26 години кој изнесува 1:53.28, а го постави Јармила Кратовчилова од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА