Јужноафриканската атлетичарка, Кастер Семенја изјави дека нема да користи лекови за да добие зелено светло да се натпреварува на делниците од 400 до 1.500 метри, па на Дијамантската лига во Јуџин, САД пријави учество на 3 000 метри.
Директорот на митингот во Јуџин Том Џордан, изјави дека менаџерот на Семенја го прашал дали таа може да учествува на трката на 3 000 метри.
„Среќни сме што го прифативме нејзиното учество. Многу сакам да видам како Семенја ќе се натпреварува со најдобрите атлетичарки на долги дистанци“, изјави Џордан.
Според правилата на Меѓународната атлетска федерација (ИИАФ), ограничено е нивото на тестостерон кај атлетичарките кои се натпреваруваат на средните делници. Со донесување на правилото кое во сила стапи на 8. мај, атлетичарките кои ќе имаат зголемено ниво на тестостерон ќе мора да користат лекови како би можеле да се натпреваруваат на средните делници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА