Семењо дебитираше за Сити – „граѓаните“ до врв го наполнија голот на Ексетер (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манечстер сити стигнаа до една од најголемите победи во својата историја откако вечерва во првиот натпревар за нив сезонава во ФА купот го декласираа Ексетер со убедливи 10-1.

Алејне уште во 12. минута донесе водство од 1-0 за домаќинот, а во 24. минута Родри зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел следеа два автогола на гостинот (Дојл и Фицватер), па на пауза се замина со 4-0.

Луис во 49. минута зголеми на 5-0, а Семењо во својот прв натпревар на „Етихад“ стрелаше за 6-0 во 54. минута. 7-0 беше со голот на Рејндерс во 72. минута, додека на 8-0 зголеми О’Рејли во 79. минута. Голот за 9-0 беше дело на Мекаду во 86. минута. Почесниот погодок за гостите (9-1) го постигна Бирч во 90. минута, додека конечните 10-1 беа дело на Луис во 91. минута.

Manchester City [8] – 0 Exeter City – Nico O'Reilly 79'
byu/ayoefico insoccer

 

 

Се вчитува...