„Сена беше подобар и од Шумахер и од Хамилтон“

Луис Хамилтон на трката на Нирнбургринг го израмни рекордот на Михаел Шумахер според бројот на победи во Формула 1 и тој податок предизвика многу рекации од личности поврзани со автомобилистичкиот свет. Дебатата најмногу се води околу тоа која е подобар Шумахер или Хамилтон. Но, има и такви кои мислат дека сосема друг возач е најдобриот.

„За мене Аиртон Сена беше и остана најдобриот возач во историјата. Сум ги гледал сите тројца, но никој не вози како Аиртон. Луис е одличен и заслужено ги одбива сите пофалби. Би сакал Шумахер да останеше статистички најдобар поради трагичната судбина која ја има, но мислам дека не може да се каже кој е подобар од нив двајца. Сена беше најголемиот. Сигурно ќе освоеше уште некоја титула, беше во одлична форма, но за жал замина прерано. Никој не возеше како него“ – вели Герхард Бергер, тимскиот партнер на Сена од Мекларен-Хонда.

Аиртон Сена освои три Ф1 титули во 1988, 1990 и во 1991 година. Имаше 41 победа. Животот го загуби а на 1.мај 1994 година за време на трката на Имола на 34-годишна возраст.

 

 

 

Се вчитува...