Сенегал е прв полуфиналист на АФКОН

Фудбалската репрезентација на Сенегал е првиот полуфиналист на Африканскиот куп на нации, откако вечерва во првиот четвртфинален дуел славеше над репрезентацијата на Мали со минимални 0-1.

Сенегалците поведоа со 0-1 со голот на Ндиаје во 27. минута, погодок кој на крајот се покажа како клучен за полуфинале на континенталниот собир. Проблем за Мали беше тоа што цело второ полувреме играа со фудбалер помалку, откако Бисума во судиското надополнување во првиот дел доби втор жолт картон.

Во полуфиналето Сенегал го чека подобриот од дуелот меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска.

 

Mali 0 – [1] Senegal – I. Ndaiye 27'
byu/yoursofunnybruv insoccer

Се вчитува...