Репрезентацијата на Сенегал е шампион на Африка, откако во финалето ја совладаа домашната селекција на Мароко со 1-0, со гол во продолжението, во 94. минута од средбата.
Стрелец беше Пепе Гаје, кој по една одлична акција погоди одлично во мрежата на Боно, и така го донесе трофејот.
Мечот имаше драматична завршница на регуларниот дел, откако беше досуден пенал за Мароко во 95. минута. Се чекаше цели 15 минути, со оглед дека Сенегалците одлучија да го напуштат теренот, гневни поради судиската одлука.
Меѓутоа Садио Мане покажа големина, ги врати играчите, пеналот не го реализираше Дијаз, кој се обиде со паненка, но му одбрани Менди.
Така во првото продолжение Гаје стана херој на својата селекција. Инаку Мароко до крајот на продолженијата ја погодија и пречката, а Ндиаје имаше голема шанса да дојде и до втор гол, меѓутоа не успеа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

