Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп на нации

Репрезентацијата на Сенегал е првиот финалист на годинашното издание на Африканскиот куп на нации откако во првото полуфинале славеше против Буркина Фасо со 3-1. Фудбалерите на Буркина Фасо 70. минути успеаја да ги издржат налетите на фаворитот, но немаа сила за нешто повеќе.

Фудбалерот на ПСЖ Абду Диало во 70. минута донесе водство од 1-0 за Сенегал, додека неговиот соиграч од таборот на „светците“ Идриза Геј шест минути подоцна зголеми на 2-0. Преку Туре во 82. минута Буркина Фасо за момент се врати во мечот, но само пет минути подоцна Садио Мане ги постави конечните 3-1.

Во финалето Сенегал за противник ќе го има подобриот од вториот дуел во кој ќе играат Египет и домаќинот Камерун.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...