Селекцијата на Сенегал направи огромен чекор кон 1/8 финалето, откако води со 1-0 со голот на Сар во 44. минута. По едно невнимание на одбраната на Еквадор, на Хинкапи, беше досуден удар од белата точка кој Сар го претвори во погодок.
Одлично изведен удар од 11. метри за предност на Сенегал. Претходно африканската селекција имаше уште 2-3 шанси да дојде до предност, додека Еквадор е анемичен и со многу проблеми.
На вториот меч, Холандија на полувреме има предност од 1-0 против Катар, и цврсто чекори кон првото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА