Голема врева се крена по осминафиналето на Африканскиот куп на нации во кој домаќините на завршниот турнир Брегот на Слоновата Коска беа подобри од Сенегал по подобро изведување пенали.
Против Брегот на Слоновата Коска, Сенегалците имаа предност од 1-0 со голот на Диало, се до 86. минута кога беше досуден пенал за домаќинот кој успешно го реализираше Кесие. На овој начин домашните се извлекоа, стигнаа до пенал-рулетот, а решавачка беше грешката на Нијахате во третата серија.
Сенегалците беа лути на судењето и на организаторите на турнирот.
„Не убивте. Вие сте корумпирани. Чувајте го вашиот африкански куп на нации“, изјави фудбалерот на Монако, Крепин Диата.
Диата беше бесен на ситуацијата на почетокот на вториот дел, кога Исмаила Сар беше фаулиран во шеснаесетникот на Брегот на Слоновата Коска, но габонскиот судија не се одлучи да се консултира со ВАР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА