Шефот на стручниот штаб на Брегалница, Трајче Сенев не може да го преболи поразот на тимот од Работнички во рамноправен натпревар во кој сигурно штипјани заслужија најмалку бод.
Но, и покрај поразот Сенев вели дека ништо не е загубено во трката за опстанокот. До крајот остануваат уште пет натпревари низ кои ќе се бара можноста за надополнување на загубеното.
„Мислам дека одигравме максимално ангажирано со силна желба за победа, но ете гостите успеаја да искористат една шанса за три бода. Играа затворено со контранапади, и на крај успеаја да профитираат. Факт е дека кај нас се чувствуваше отсуството на Силјановски и Лвалива“ – вели Сенев, и дополнува:
„Сепак, јасно е дека ништо не е загубено. Има уште битки пред нас а веќе мислите се единствено кон натпреварот со Воска. Секако дека нашата желба е да ги вратиме бодовите што ги загубивме од Работнички и од Воска. Одиме на победа во Охрид, нема друг избор ако сакаме да се вратиме во игра за опстанок“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА