Брегалница стартуваше одлично на двата меча под водство на новиот шеф на стручен штаб, Трајче Сенев. Штипските „сините“ со победа над Шкупи и реми (2-2) на гостувањето против Струга ТЛ се на последните два свои меча што ги враќа надежите и за опстанок во лигата.
Брегалница одигра одличен натпревари во Струга против шампионот заслужувајќи можеби и победа, но домаќините се спасија од пораз со гол од пенал во 86. минута од натпреварот.
„Задоволен сум од прикажаното во Струга. Играчите одиграа машки, од срце, со желба за позитивен резултат, со еден збор изгинаа на теренот. Освоивме голем бод против лидерот и актуелниот шампион, но многу блиску бевме и до целиот плен, бидејќи имавме водство на четири минути до крајот. Но, што е – тука е, продолжуваме со зацртаното, да се подготвиме максимално за секој нареден натпревар, и на секој меч до крајот ќе атакуваме на победа и конечно обезбедување опстанок” – вели Сенев по гостувањето во Струга а во очекување на новите битки за опстанок на Брегалница до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА