Машката ракометна репрезентација на Македонија оствари и трета победа на пријателските дуели против Босна и Херцеговина. Овој меч се одигра во салата „Автокоманда“ и беше од затворен карактер, а Македонија славеше со 32-30, во еден драматичен финиш. Така, со ’троен триумф’ над Босанците, избраниците на Лино Червар со зголемена самодоверба ќе патуваат на СП во Франција.
На полувремето македонските ракометари заминаа со предност од четири гола (17-13), но Босанците потполно се вратија во егал во завршницата од дуелот. Сепак, со два последователни гола во последните моменти, Македонија стигна до победа од 32-30.
Кире Лазаров постигна 11 гола на овој меч, а Гоце Георгиевски беше стрелец на седум гола. Во противничката селекција, Вегар постигна пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА