Сењор е ново засилување за ФК Вардар

Најтрофениот фудбалски клуб во Македонија, Вардар доведе уште едно засилување пресрет пролетниот дел од сезоната во кој ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Првата македонска лига.

Откако вчера беше договорен Мато, „црвено-црните“ денеска го потпишаа и сенегалскиот интернационалец, Фаустин Сењор.

Се работи за 31-годишен фудбалер кој настапува на стоперската позиција, а доаѓа од Турција каде последен пат играше за Гиресунспор. Во ПМФЛ ги бранеше боите на Шкупи.

Се вчитува...