„Сент Џејмс Парк“ во транс, Њукасл добива две големи засилувања?

Иако оваа сезона му се заканува испаѓање од Премиер-лигата, сепак, Њукасл доби нов, богат сопственик кој има намера да го врати тимот во Лигата на шампионите, каде настапуваше пред 20-тина години. Токму од тука Њукасл сега е во потрага по засилувања, но поради лошата позиција на табелата, никој не се нафаќа да игра во клуб кој се бори за опстанок.

Засега две нови имиња се Вуд и Трипие, а според информациите од Англија, деноевиве пристигнуваат уште две нови големи засилувања. Наводно Њукасл испратил понуда до Аталанта за напаѓачот Дуван Запата. Покрај Запата, Њукасл наводно влегол во преговори и со Севилја за играчот Диего Карлос. Самиот Карлос изразил желба да игра во Премиер-лигата, а сега останува клубовите да се договорат околу обесштетувањето.

За двајцата била понудена сума од 30 милиони фунти.

Се вчитува...