Сент Паули победник во „битката за Хамбург“

Сент Паули славеше со 0-2 на гостувањето против Хамбургер во „битката за Хамбург“ меѓу двата лути градски ривала што заврши со триумф на гостите.

Навивачите на Хамбургер се надеваа на триумф на нивните миленици на премиерниот домашен меч по враќањето во елитното друштво, но Сент Паули изненади со подобра игра, контрола на средината од теренот и заслужена победа.

Џвигала ги донесе гостите во водство во 19. минута, по што Сент Паули знаеше како да го контролира темпото на мечот. Хамбургер израмни на почетокот од вториот дел, но тој гол беше поништен поради минимален офсајд, по што Сент Паули постигна и втор гол преку Хунтонџи.

За мизеријата на Хамбургер да биде комплетна, домаќините го завршија мечот со фудбалер помалку откако Гочолеишвили доби црвен картон во 77. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...