Австрискиот првак Сент Полтен е противникот на ЖФК Љуботен во 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите кое годинава се игра според нов формат. Така женскиот првак треба да победи на два натпревари, за да се пласира во следното коло.
Доколку победи, тогаш Љуботен ќе игра со победникот од Динамо (Белорусија) и Локомотив Стара Загора (Бугарија). Победникот во финалниот меч, обезбедува пласман во следната рунда. Доколку загуби, Љуботен ќе игра за поразениот за трето место во групата „9“ кое носи само подобар коефициент за следната година.
Натпреварите се играат на 18 август, односно 21 август, и се игра по еден натпревар. ЖФК Љуботен и двата натпревари ќе ги игра како гостин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА