Сензации во Купот на Франција: Ница испадна од третолигаш, а Монако од второлигаш

Стартот на натпреварувањето во Купот на Франција донесе неколку изненадувања, а најголемото го приреди третолигашот Ле Пиј ен Велеј, кој славеше со 1-0 на дуелот со Ница.

Тимот на Ница настапи со речиси најсилниот состав и се очекуваше да нема никакви проблеми на патот до победата, но тртолигашот изненади уште во третата минута, кога Бен Фреџ го изннади голманот Шмајхел. Прволигашкиот состав имаш целосна иницијатива до крајот на мечот, создаде и неколку стопроцентни шанси, но не успеа да го израмни резултатот, прерано завршувајќи го настапот во францускиот куп.

Монако е уште еден прволигаш кој прерано го заврши својот настап, откако „кнезовите“ по израмнетите 2-2 на пенали беа елиминирани од второлигашот Родез. За трагедијата на Монако да биде поголема, овој тим имаше водство од 2-0 по триесетина минути игра, но му дозволи на гостинот да се врати. Трагичар во пенал-рулетот беше Головин, кој не беше прецизен во петтата серија, за огромна радост на гостинските фудбалери на „Луј втори“.

Се вчитува...