СЕНЗАЦИЈА: Алфред од Света Луција е сензационална победничка на 100 метри (ВИДЕО)

Атлетичарката од Света Луција, остров во Средна Америка, Џулијен Алфред го освои златниот медал на трката на 100 метри на Олимписките игри во Париз.

Во неидеални временски услови, со дожд во Париз, Алфред водеше од стартот на трката се до победата, со национален рекорд од 10,72 секунди го свои златото.

Ова е прв медал за Света Луција во историјата во било кој спорт.

Шакари Ричардсон од САД го освои среброто со време од 10,87, а трета беше нејзината сонародничка од САД, Мелиса Џередсон со време од 10,92 секунди.

Се вчитува...