СЕНЗАЦИЈА: Андоновски и САД останаа без финале

Македонецот Влатко Андоновски не успеа да се пласира во финалето на Олимписките Игри како селектор на репрезентација на САД во женски фудбал, откако Американките беа шокирани во денешното полуфинале со Канада (0-1).

Канаѓанките никогаш досега немаа славено победа над САД на досегашнит 25 средби во женски фудбал, но денешната северноамериканска пресметкаа неочекувано заврши со триумф на аутсајдерот. Канада одигра класичен бункер што вроди со плод, а како решавачки се покажа пеналот на Флеминг што донесе победа во 75. минута.

Американките тргнаа во офанзива во завршницата, а најубавата шанса ја пропушти Лојд, која шутираше со глава само во гредата.

Во второто полуфинале од олимпискиот турнир на ОИ во Токио ќе се сретнат Шведска и Австралија.

Се вчитува...