СЕНЗАЦИЈА: Бодо Глимт со шест гола го „торпедираше“ Мурињо, загуби и Тотенхем

Норвешкиот состав Бодо Глимт приреди сензација во третото коло од Конференцикската лига откако на домашен терен ја „торпедираше“ Рома со убедливи 6-1. Голадата Норвежаните ја започнаа во 8. минута од мечот со голот на Ботем, во 20. минута Берг донесе 2-0, а Перез во 28. минута успеа да ја намали негативата на италијанскиот состав.

Жозе Мурињо за второто полувреме направи три замени и се чинеше дека Рома ќе успее да изедначи, но следеше нов шок откако во 52. минута Ботем повторно стрелаше за домаќините, а „ладниот туш“ беше комплетиран од 71. до 80. минута во која Норвежаните со три гола за девет минути ги испратија Италијанците дома.

Во третото коло не се прослави ниту фаворизираниот Тотенхем кој загуби на гостувањето кај Витесе со 1-0. Стрелецот на единствениот гол на натпреварот беше Витек во 78. минута. Со овој пораз лондонскиот тим останува на третото место на табелата со четири освоени бода.

Се вчитува...