Сензација: Бутел ја прокоцка предноста од четири гола и доживеа елиминација од Дуделанж во ЕХФ купот

Maкедонскиот ракометен суперлигаш Бутел и покрај победата од четири голови од првиот меч на гостински терен 31-27, доживеа елиминација од првото коло во ЕХФ купот откако изненадувачки на домашен терен загубија од Дуделанж со 24-29.

Откако влегоа со четири голови позитива од првиот меч, бутелчани се обидоа да го контролираат резултатот, но гостите од Луксембруг никако не се откажуваа па на полувреме заминаа со минимална предност од 12-13.

Слична игра продолжи и во вториот дел. Во еден периот успеаја да стигнат и до посакуваните плус четири 14-18, но бутелчани успеаја да се „разбудат“ и да ги вратат работите во нормала и да израмнат на 20-20.

Следуваше нов голем пад на нашиот суперлигаш, па Дуделанж на две минути до крајот повторно стигна до плус четири 23-27. Се играше гол за гол се до финишот кога гостите со гол во последната секунда преку Колер стигнаа до посакувана победа од пет голови (24-29).

Дамјан Субашевски со седум гола залудно беше најефикасен во нашиот табор, додека кај гостите Лабонте и Етуте постигнаа по шест гола.

Се вчитува...