Сензација на 1500 метри: Кол Хокер со олимписки рекорд до златото, Ингебригтсен остана без медал

Кол Хокер од САД е сензационален победник на трката 1500 метри во машка конкуренција. Атлетичарот во последните мигови додаде „гас“ и ја заврши трката со нов олимписки рекорд и време од 3:27.65.

Еден од фаворитите за медал Јакоб Ингебритсен заврши дури како четвртопласиран и остана без медал.

Сребрениот медал заминува на градите на Џош Кер од В.Британија кој имаше време од 3:27.79, со само една стотинка подобро време од третопласираниот Јаред Нугусе од САД кој го освои бронзениот медал.

Се вчитува...