Летниот преоден рок може да донесе сензационален трансфер во Премиерлигата. Имено, како што пренесуваат англиските медиуми интерес за ангажман на Маркус Рашфорд покажал Арсенал.
„Топчиите“ само што завршија нова вицешампионска сезона веќе атакуваат на засилувања кои би донеле дополнителен квалитет во битката за титула, а еден од нив несомнено е и англискиот репрезентативец кој веќе важи за легенда на Манчестер Јунајтед со оглед на тоа што целата своја кариера ја помина во редовите на „црвените ѓаволи“.
Зад Рашфорд е лоша сезона во која само седум пати ја затресе мрежата во Премиерлигата па и раководството на клубот размислува за негова продажба пред влезот во новата ера.
Според популарниот „Трансфермаркт“ 26-годишниот англиски напаѓач вреди 60 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА