Со поразот од Аталанта, Стефано Пиоли се приближи до излезните врати на „Сан Сиро“, а италијанските медиуми веќе започнаа гласини за негова смена. Еден од можните кандидати за „жешкото столче“ изненадувачки е и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот голгетер со балканско потекло на крајот на претходната сезона ја заврши играчката кариера токму во Милан, а веќе се поврзуваше со враќање во редовите на „росонерите“ како оперативец во спортското функционирање на екипата.
Сепак овој пат би можел барем накратко да го превземе тимот како привремен тренер. Големо значење за тоа ќе има следниот натпревар на Милан, оној во Лигата на Шампионите против Њукасл Јунајтед кој ќе одлучи за тоа дали Милан ќе остане во европските натпреварувања и во месеците кои следат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА