Бранителката на тронот на Ролан Гарос, Романката Симон Халеп загуби од Американската тин-сензација Аманда Анисимова со 2-0 (6-2 и 6-4). 17-годишната Американка за само еден час и десет минути ја совлада третата тенисерка во светот. Во текот на целиот натпревар Анисимова беше доминантнта и не и дозволи на искусната Романка да ја загрози нејзината победа.
Во полуфиналето Анисимова ќе игра против Ешли Барти од Австралија која во четвртфиналето беше подобра од Медисон Кис од Соединетите Американски држави со максимални 2-0 (6-3 и 7-5).
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Маркета Вондрушова од Чешка и Јоана Конта од Велика Британија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА