Завршниот турнир од Купот на Македнија почна со сензација, откако осморангираниот ФМП во супердраматичен натпревар славеше над Пелистер со резултат 100-98. Битолчани влегоа во натпреварот како огромни фаворити, но во второто полувреме останаа без помошта на Бојан Трајковски, што се одрази врз нивното издание. Мотивираниот состав на ФМП знаеше како да го искористи тоа, во драматична завршница стигнувајќи до голема победа.
ФМП одлично го отвори натпреварот, во раната фаза поведе со 2-7 и потоа го контролираше резултатот. „Пелистерци“ за момент се приближија на 10-13, но следеше нова серија на избраниците на Александар Петровиќ, за водство од 14-22. Првата четвртина заврши со предност на ФМП од 25-21, по што скопскиот прволигаш имаше водство до пред крајот на полувремето. Завршницата од втората четвртина сепак мина во знакот на битолчани, кои направија пресврт и на одмор заминаа со минимално водство од 57-53.
Пелистер постигна дури 36 поени во втората четвртина, но ФМП не се предаде, го крена нивото на игра во одбраната и не му дозволи на првопласираниот тим во Првата лига резултатски да се одлепи. Голем проблем за Пелистер претставуваше повредата на Бојан Трајковски, кој мораше да биде повлечен од игра во 24. минута и повеќе не се врати на теренот. Без Трајковски, кој одигра извонредно во одбраната во првото полувреме, „зелено-белите“ тимот од Битола се соочи со проблеми, па ФМП направи пресврт, завршувајќи ја третата четвртина со водство од 77-80.
Кесар ја презеде одговорноста на почетокот од второто полувреме, постигна шест поени во низа, а откако погоди и Калахан тренерот на ФМП беше принуден да побара тајмаут при резултат 85-80 за Пелистер. Помалку од една минута беше доволна за пресврт, Крстајиќ погоди тројка од девет метри, во следниот напад Кесар промаши зицер на положување, по што Лука Петровски беше прецизен за три поени, за водство на ФМП од 85-86 и тајмаут овојпат за Марјан Илиевски. Со израмнета игра се продолжи и во наредниот период, на Марјан Илиевски при 93-93 побара нов тајмаут, на 2:20 минути до крајот, при резултат 93-93.
Страстите зовреа откако Калахан положи (96-95) и бараше лична грешка, „пелистерци“ бурно реагираа по падот на Американецот, но добија само техничка хрешка на Малешевиќ, петта за еден од најдобрите кошаркари на Пелистер. Битолчани имаа зицер под кошот, Кесар беше блокиран, а на спротивната страна Крстајиќ погоди за три поени, за водство на ФМП на 8,5 секунди до крајот. Калахан погоди две слободни фрлања, Крстајиќ беше еднаш прецизен на спротивната страна, за конечни 98-100 за тимот од Кисела Вода.
Крстајиќ со 29 и Харис со 19 поени беаа најефикасни во редовите на Академија ФМП, додека најдобри стрелци во редовите на Пелистере беа Кесар со 31 и Калахан со 16 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА