Кошаркарите на Жалгирис како гости го приредија најголемото изненадување во првото коло од Евролигата откако го совладаа тимот на Монако со резултат 84-89. Литванскиот гигант одигра маестрален меч во кој имаше целосна котнрола над резултатот и заслужено стигна до триумф, не дозволувајќи актуелниот европски вицепрвак победнички да ја стартува новата сезона.
Жалгирис играше како по ноти во голем дел од мечот, што придонесе на три минути до крајот гостите од Литванија да имаат огромни 15 поени предност. Монако конечно се разбуди и преку Мајк Џејмс направи серија од 11-0, но беше премноннгу доцна, Жалгирис умешно го приведе мечот до крај за заслужена победа.
Рајт беше одличен во рекетот, екс-центарот на Олимпијакос реализираше 21 поен за Жалгирис, Вилијамс – Гос имаше 14 поени, а Франциско реализираше 9 поени и 9 асистенции. Најзабележителни кај Монако кај овој убедлив пораз беа Џејмс со 24, Тајс со 17 и Миротиќ со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

