Французинот Нил Алегре е победник на супервелеслаломот за Светскиот куп во германски ски центар Гармиш-Партенкирхен. ОВа за Алегре беше првата победа во кариерата, откако претходно освои две четврти места. Алегре оваа година успеа, конечно, да победи и да приреди големо изненадување.
Тој се спушти на патеката со време од 1:11.92, или 18 стотинки подобро од Гиљермо Боска од Италија, кому ова му е истотака најдобар резултат. Лоик Меилард од Швајцарија беше трет со 0.25 стотинки заостанување.
Големиот фаворти Марко Одербат и Французиниот Сиприен Саразин завршија на 4, односно на 11 место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА