Швајцарката Белинда Бенчич направи суперподвиг во осминафиналето на тенискиот грен-слем УС Опен елиминирајчи ја бранителката на титулата Наоми Осака. За место во четвртфиналето, Бенлич ја победи Јапонката во два сета, воведниот го доби со 7-5, а вториот со 6-4.
За Бенчич ова е прв пласман во четвртфиналето на „Флешинг Медоуз“ по пет години. Поради овој пораз, Наоми Осака ќе го загуби и првото место на ВТА листата од Ешли Барти.
Во четвртфиналето, Бенчич ќе се сретне со Хрватката Дона Векиќ која забележа осминафиална победа од 2-1 во сетови над Јулија Гергес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА