Поранешниот германски репрезентативец и долгогодишен играч на Баерн Минхен и на Манчестер јунајтед, кој замина и преку Атлантикот и играше за Чикаго во МЛС – лигата, би можел да биде сензационално засилување за српскиот првак Партизан, пишуваат медиумите кај нашиот северен сосед. Тој е оженет за поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, и е голем фан на КК Партизан. Оттаму и обидот на фудбалскиот клуб да го привлече големото име на светскиот фудбал.
Договорот на Швајнштајгер со Чикаго истекува на крајот од годината, тој потоа ќе биде слободен агент, и е отворен за соработка. Останува да се види дали раководството на Партизан ќе успее да го убеди да го облече „црно-белиот“ дрес во наредниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА