Сензација на големото македонско дерби! Металург го победи шампионот Вардар со 29-26 во првата пресметка во плеј-офот за шампионската тимтула во машката ракометна Супер лига. Пред полни трибини, во атмосфера која во многу потсетуваше на оние стари дерби дуели меѓу двата водечки клуба на македонската ракометна сцена, и борбата на терен и резултатската неизвесност, потсети на традиционалното македонско дерби. А првата официјална поресметка меѓу стариот и новиот селектор на македонската репрезентација, му припадна на оној стариот поискусниот, Линио Червар тактички вечерва го надмудри Раул Гонзалес. А Металург на Вардар му испрати и сериозна опомена пред она што ги очекува „црвено-црните“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Металург влезе агресивно во натпреварот со желба достојно да му парира на фаворитот Вардар. „Металурзи“ максимално мотивирано и пожртвувано успеваа да држат предност во поголемиот дел од првото полувреме. Во честите изедначувања и промени на водство, Вардар не успеа да направи поголема предност од еден гол. Но, тоа му успеа на Металург во 23.минута, кога Мартин Велковски на празен гол на Вардар погоди за 12-10, а во следниот напад Вејин не ја искористи шансата да ги однесе домаќините на +3. „Металурзите“ успеаја да го одбранат водството и да постигнат гол дури и во моментите кога беа со двајца исклучени играчи на четири минути пред крај на првиот дел. Двата гола позитива, Металург успеа да ја задржи до крајот на полувремето и на одмор замина со предност од 15-13.
Во помалку невообичаена ситуација според стилот на игра на Лино Червар на едната и на Раул Гонзалес на другата страна, Металург иако стандардно играше со седум играчи во поле, во првиот дел на празен гол прими само еден гол, а трипати Вардарци не успеаја да погодат во ваква ситуација. „Металурзи“ беа многу поумешни во ваквите ситуации и дури четири пати поентираа на празен гол на противникот.
Во исто темпо продолжи и второто полувреме, уште по првите минути Металург со погодокот на Немања Обрадовиќ дојде од највисоки три гола предност (16-13). Во жешката атмосфера во Автокоманда и надмудрувањето на терен, „металурзи“ подобро се снаоѓаа и се до средината на вториот дел беа во предност. „Црвено-црните“ на кратко успеаја да се вартат во позитива со погодокот на Иван Чупиќ за 20-21. Но, избраниците на Червар не се предаваа. Пожрвтуваната игра во одбраната и решителноста во нападот им донесоа нова предност и водство од 24-21 на десет минути пред крај, а веднаш потоа со вториот гол во серија на Обрадовиќ и со 25-22.
Искрите на терен донесоа двојно исклучување на пет минути пред крај кога Вардар остана без Хорхе Македа, а Металург без капитенот Филип Кузмановски. Но, и „металузи“ и во оваа ситуација беа поприсебни, а Гуглета погоди за 26-23. На спротивната страна врати Игор Карачиќ, но брзо и Металург преку Илиќ.
Како што се ближеше крајот на мечот, така растеше и тензијата на терен. Дарко Арсиќ во вистински момент го сопре ударот на Карачиќ, а Металург напаѓаше за +4. Во драматичниот финиш Вардар загуби здив и на крај мораше да му ја честита победата на помладиот но и вечерва многу помотивиран противник, екипата на Металург.
Немања Обрадовиќ го прдводеше нападот на Металург со 10 гола, а Иван Чупиќ беше прв стрелец кај Варадр со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА