Фудбалерите на Еспањол приредија сензација во 22. коло од Примера дивизион земајќи го скалпот на лидерот и актуелен шампион Реал Мадрид (1-0).
„Кралевите“ допатуваа на овој меч со серија од четири победи, Винисиус се врати по одлежаната суспензија но избраниците на Анчелоти не успеаја да го најдат патот до мрежата на Еспањол. Винисиус успеа да погоди за 0-1 во првото полувреме, но тој гол беше поништен поради удирање од Мбапе на еден домашен дефанзивец.
Како што одминуваше времето така „кралевите“ се повеќе ја отвораа својата игра, а казната за промашувањата стигна во 85. минута кога по еден беспрекорен контранапад на вистинското место се најде Карлос Ромеро и со волеј удар го матираше гостинскиот голман за огромна радост на каталонските фанови на стадионот во Барселона.
Така, Реал Мадрид сега има само еден бод предност во однос на второпласираниот Атлетико, во пресрет на големото градско дерби што ќе биде на програмата следниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА