Реал Мадрид беше шокиран на стартот од новото коло од Евролигата откако „кралевите“ загубија од тоталниот аутсајдер Химки со 78-77. Рускиот тим влезе во оваа евролигашка рунда со скор од две победи и 23 порази, кошаркарите долго време се без плата и еден по еден си заминуваат, но Химки вечерва одигра максимално храбро, ја искористи опуштеноста во редовите на Реал и заслужено стигна до победата.
Алексеј Швед беше стрелец на победничките поени за Химки, Реал имаше напад за победа, но Козер несмасно ја загуби топката и домашните кошаркари имаа можност да го прослават својот најголем овосезонски триумф. Швед и Меколум постигнаа по 22, а Џордан Мики 19 поени за победничкиот тим, додека најефикасен во гостинскиот состав беше Керол со 15 поени, додека Тавареш оствари дабл-дабл од 14 поени и 11 скокови.
Зенит со фуриозното второ полувреме стигна до триумф од 87-71 над Алба. Особено импресивно делуваше одбраната на рускиот тим во последната четвртина, во која германскиот состав за десет минути постигна само четири поени (19-4). Пангос беше прва виолина на победничкиот тим со 19 поени и седум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА