Не мина многу време кога Олимпик Марсеј се радуваше на голем триумф над ПСЖ во Купот на Франција. Се чинеше дека Марсеј ја мина најтешката пречка, но вечерва „шок“ на Велодром откако загуби од второлигашот Анси на пенали.
Се добро тргна за Марсеј кога во 29. минута Верету донесе водство. Се чинеше дека Олимпик ќе обезбеди триумф, но Дион во 53. минута и Муанга во 59. минута ја најавија сензацијата во Купот.
Санчез во 84. минута имаше голема шанса, но неговиот пенал го одбрани голманот на Анси и така ја донесе победата. Сепак, Марсеј се спаси со гол на Муге вo шестата минута од судиското надополнување, и веднаш се премина кон изведување на пенали.
Таму по еден промашен пенал од двете екипи во првите пет изведувачи. Победникот беше решен во осмата серија кога Балерди промаши за Марсеј, за голем триумф и сензација на Анси.
Претходно во полуфиналето се пласираа екипите на Нант и Тулуз кои ги совладаа Ленс, односно Родез со 2:1 и 6:1. Таму ќе игра и Лион кој беше подобар од Гренобл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА