Сензација во Купот на Германија: Третолигашот Арминија го исфрли Вердер и влезе во полуфинале

Вистинска сензација се случи вечерва во 1/4 финалето во Купот на Германија, откако третолигашот Арминија Билефелд го исфрли и Вердер Бремен победувајќи го со 2-1, и се пласираше во полуфиналето. Претходно овој тим го исфрли и Фрајбург од ова натпреварување.

Уште по првиот дел Арминија имаше предност од 2-0. Ворл во 35. минута донесе предност, а Арминија стигна до дуплирање на водството со автоголот на Малатини.

Во вториот дел Бурке во 56. минута успеа да намали, па Вердер имаше уште цели 35 и повеќе минути да дојде барем до израмнување и до продолженија, но не успеа, па мораше да се помири со елиминација.

Во полуфиналето Арминија им се приклучува на Баер Леверкузен и на Штутгарт, кои претходно обезбедија пласман меѓу најдобрите четири тима. Последното четвртфинале се игра утре помеѓу Лајпциг и Волфсбург.

Се вчитува...